Често поставувани прашања

Pick-a-gift е веб платформа за самостоен избор на подароци, каде вредноста на подарокот не е позната на корисникот. Фокусот е на подарување како акт, а не на вредноста на подарокот. Платформата нуди услуги на крајни корисници (1:1 подарок) или компании како корисници (1:многу подароци).

Може да купите ваучер од 1,000 ден, 2,000 ден и 3,000 ден. За да купите ваучер, треба да сте претходно регистрирани и најавени на Pick-a-Gift. Нарачки се примаат 24/7 во согласност со условите и правилата на Pick-a-Gift. Доставата на дигиталните ваучери се извршува веднаш на одредената маил адреса, а персонализираните подароци се изготвуваат и доставуваат во рок од 5 до 7 работни дена.

Ви овозможуваме да го платите одбраниот ваучер со:

  • Еднократно плаќање со платежните картички VISA, MasterCard, Maestro и Diners Club од било која банка во и надвор од Македонија
  • По фактура. Плаќањето преку фактура може да се изврши од страна на правно лице од сите банки регистрирани на Република Северна Македонија.

Вашиот ваучер може да го искористите само на платформата Pickagift.mk. Внеси го кодот на следниот линк https://pickagift.mk/use-voucher и ќе ти бидат излистани производи од кои можеш да бираш. Кликни на копчето нарачај кај избраниот подарок, внеси ги податоците за достава на адреса и очекувај го твојот подарок во рок од 5 до 7 работни дена